Македонија
26. October 2016 - 11:39

Предавања на врвни кардиохирурзи на Универзитетската клиника за кардиохирургија

На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија-Скопје утре и задутре предавања ќе одржат основоположниците на европската и на италијанската  кардиохирургија професор, Антонио Мариа Калафиоре и кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло.

Предавањето на професор Калафиоре, како што е најавено, ќе се одржи утре од 11:00 до 14:00 часот во амфитеатарот на Деканатот  на Медицинскиот Факултет-Скопје на тема „Кардиоплегија, историја, типови, предности, ризик“ и „Иднината на кардиохирургијата, минимално инвазивен пристап“.

Доктор Маруло ќе одржи предавања од областа на кардиохирургијата в петок од 10:00 до 15:00 часот во амфитеатaр на хируршки клиники во комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Предавањата се дел од редовната едукација при катедрата за хирургија на Медицински факултет-Скопје и со нив се овозможува високо стручна едукација на студентите и специјализантите од областа на кардиохирургијата.

Присуството на врвните кардиохирурзи е резултат на континуираната соработка меѓу Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, Медицински факултет-Скопје и Министерството за здравство на РМ.