Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија.
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“
„Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и сослушани. Обвинителството и полицијата треба да си ја работат својата работа, а не да ме тепаат, ме малтретираа три дена, а денеска ме бркаа по автопат. Не го заслужив тоа, не сум терорист ниту криминалец. Дојдов на штрајк со глад затоа што сакам да си ја работат својата работа, да знаат кој го уби моето дете и уште 15 други луѓе, да ги ослободат сите студенти што беа уапсени и кукавицата да распише избори ако се осмели. Ќе останам до понатамошно известување, нема да го прекинам штрајкот – ако треба да умрам, нека биде така, ќе умрам со чест“, рече таа.
Таа истакна дека шаторот и вреќите за спиење треба наскоро да пристигнат.
„Луѓето сами го организираа тоа. Погледнете ги моите ветерани – тие се тука, ќе дојдат уште. Ќе поставиме шатор тука, нема да нè пуштат внатре, само тепачи можат да одат таму, но тоа не е мојата Србија. Гледате колку е убава нашата Србија – тие излегоа за пари, а ние излеговме за љубов, правда и вистина“, рече таа.
Полицијата се обидува да растера нејзини поддржувачи пред Собранието и постави метална ограда.
МИА
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
