Пред масовното убиство 14 годишниот Коста Кецмановиќ пребарувал дали во Србија има доживотна казна
14 годишниот убиец Коста Кецмановиќ од ОУ „Владислав Рибникар“, кое пред три месеци уби девет врсници и чувар во ходникот и училницата за историја, пред злосторството пребарувало на интернет „дали има доживотна казна затвор во Србија“.
Српските медиуми денес објавуваат нови детали.
Тие пишуваат дека Коста Кецмановиќ на стручните лица им признал дека пред крвавиот пир не бил сигурен дали законски ќе одговара за такво дело. Знаел дека не може да му се суди доколку нема наполнето 14 години, но еве што пренесуваат дека рекол:
„Не знаев дека нема да одговорам, мислев дека ќе одговорам, затоа погледнав на интернет да видам дали може да бидам осуден на доживотен затвор. Сакав да знам што ме чека“.
Да потсетиме, според сегашниот закон, тој како тринаесетгодишник не одговара кривично, а не може да одговара за стореното иако во меѓувреме наполнил 14 години.
Неколку часа по страшното злосторство беше сместен во психијатриска установа каде престојуваат деца и таму се наоѓа до ден денес. Колку долго ќе остане не е познато.
Ново на Сител
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче