Пред македонските винари претставена инокс опрема за винарство, млечна индустрија ...

Пред македонските винари денеска во Кавадарци беше претставена инокс опрема на фирмата ПИМ од Хасково, Бугарија за производство на вино, млеко, сокови...
Претставникот на оваа фирма во Македонија, Ристе Михајлов, кажа дека се работи за компанија која во последните две три години е најголем пероизводител на ваква опрема во светот.
-Целта ни е да ја запознаеме македонската јавност со оваа опрема. Се работи за опрема за винарство, млеко, пиво и сокови, кечап, мајонез, чоколада, комплетното прехрамбено производство, рече Михајлов.
Нагласи дека очекуваат македонскиот пазар допрва да се развива и тоа со оваа опрема која од ден на ден се модернизира.
Енологот со долгогодишно искуство Марија Велковска, истакна дека се работи за спој на традиционалното со модерното.
-Од грозје се прави вино, а во технологијата на добивање вино се врши ферментација .Тие сега ни нудат помодерни ферментатори за разлика од претходните .Порано се започнало да се ферментира во буриња, потоа се појавил иноксот со ферментатори кои биле попрости и сега се оди напред во технологијата. Посебно кај нашиот вранец се оди со оросување одозгора на самото комиње за добивање подобра боја и квалитет и со полнотија на самиот вранец. Се појавуваат млади надежни инжинери кои размислуваат заедно со енолозите како да дојдат до поквалитетно вино, рече Велковска.
Очекува ова ќе го подобри квалитетот на виното и дека се надева новите садови да ја забрзаат технологијата.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
