-->
-->
Пред десетина минути уште еден земјотрес во Македонија
-->

На светската мрежа за регистрирање на земјотреси ЕМСЦ се појавија неопотврдени информации дека пред десетина минути односно точно во 12.14 часот во Македонија е регистриран земјотрес.
Засега нема подетални информации за овој потрес.
Претходно
елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска и утринава на 7.7.2017 год., регистрира повеќе земјотреси почувствувани од граѓаните на Охрид, Ресен и околината. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 10км источно од Охрид и потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.
Најсилните, и тоа,
- првиот, во 1 часот и 7 минути со Рихтерова магнитуда 3.2, и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
- вториот, во 4 часот и 32 минути со Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
- третиот, во 7 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда 3.0, и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
- четвртиот, во 7 часот и 18 минути со Рихтерова магнитуда 3.6, и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Беа регистрирани и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кој беа почувствувани со интензитет III степени според истата скала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
