Пред 4 години фрлил хард диск во ѓубре, не ни помислил дека денес може да вреди 20 милиони долари
Бринатецот Џејм Хауел во 2013 година фрлил хард дсик со 7.500 Биткоини чија вредност денес е неверојатни 20 милиони долари.
Хард дискот се уште се наоѓа во депонија во близина на Њупорт, Велс.
Џејмс почнал со "рударење" Биткоини 2009. кога оваа валута не вредела ништо.
- Го знаете ли она чувство коа ќе фрлите нешто, а во главата ви поминува мисла дека тоа е лоша идеја? Токму такво чувство имав. Не се сеќавам на датумот кога го фрлив хард дискот, беше тоа помеѓу 20. јуни и 10. август изјавил Џејмс за британски Гардија.
Хауел случајно истурил лимонада над лаптопот, по што ги извадил деловите кои што работеле и не биле оштетени. Хард дискот го чувал три години по што решил да го фрли.
Четири години подоцна, вредноста на Биткоинот драстично пораснала, па така на депонијата во близина на Њупорт меѓу тоните отпад и понатаму се наоѓа хард диск вреден 20 милиони долари.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена