Православната црква на Грција ја прифати одлуката на Вселенската Патријаршија за Охридската Архиепископија
Православната Црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската Архиепископија, возглавена од Архиепископот г. Јероним, со задоволство го прими писмото од Вселенската Патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, под водство на Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан.
Истовремено, Светиот архиерејски Синод на Атинската Архиепископија изразува сериозна загриженост поради писмото од Патријаршијата на Србија, пред сè, поради користењето на името „Македонска православна црква“, бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто така, под своја јурисдикција има област наречена „Македонија“. Дополнително, загриженоста на Атинскиот Синод е уште поголема и поради наводното доделување на автокефалија од страна на Црквата на Србија, бидејќи „единствената надлежна институција за доделување Автокефалност е Сечесната Вселенска Патријаршија“.
На крај, во соопштението на Православната црква на Грција се вели дека „Светиот Синод ѝ посакува на Свештената Охридска Архиепископија под Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан, конструктивно да го исползува нејзиното враќање во црковното единство и подигањето на шизмата“
Ново на Сител
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
-

Одбраната за „Онкологија“: За лекување на некои пациенти учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност
-

ЈП „Лајка“ по повод Меѓународниот ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме
-

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски
-

Ѓорѓиевски: Од паднатите дрвја на Водно - изграден нов моторички парк | ФОТО
