Правеле фотосесија пред да замине во војска: Жената му ја соопшти најубавата вест, а потоа следуваше бура на емоции
Овој брачен пар очајно посакувал бебе. Нивната среќа била неизмерна кога Линдзи забременила во февруари минатата година.
За жал, уште во раната бременост, таа го изгубила бебето. Кратко време по тажниот настан, тие дознале дека Бен мора да замине на служба во Авганистан, па нивните надежи дека ќе имаат бебе наскоро се намалиле.
-Како што се наближуваше заминувањето и секој месец минуваше со нов негативен тест за бременост, си помисливме дека Бог ни вели дека не ни е дојдено времето да станеме родители, пишува Линдзи во својата сторија за LoveWhatMatters.
Пред разделбата, таа посакала да создадат убави спомени и закажала професионална фотосесија без да знае дека тоа ќе се претвори во најубавото изненадување.
-Три дена пред фотосесијата, решив да направам уште еден тест, очекувајќи уште еден негативен. На мое изненадување, беше позитивен. Бев бремена! Веднаш му пратив e-mail на фотографот и започнавме да разговараме како да го изненадиме Бен за време на фотосесијата. Чувствував како тоа да беа најдолгите три дена во мојот живот, затоа што чував тајна од него, но знаев дека ќе вреди. Бен беше шокиран и апсолутно пресреќен, раскажува таа.
Среќниот пар ќе добие ќерка.
Ново на Сител
-
Трамп: DeepSeek да биде „повик за будење“ за американските компании
-
На владина седница денеска се очекува да помине договорот за парите од унгарскиот заем наменети за компаниите
-
Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј
-
Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка
-
Јувентус заинтересиран за шпанскиот тренер Чави Ернандез
-
Барселона прва стигна до 100 гола: Напаѓачите на Флик најефикасни во Европа
-
Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
-
На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци