Пратеникот Бране Петрушевски осуден за навреда и клевета
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Бране Петрушевски на социјалните мрежи објави дека бил осуден за став искажан на собраниска говорница, додавајќи дека ова е првпат во историјата на плурализмот пратеник да е осуден за став. Пратеникот, како што е наведено во пресудата, во својот говор го омаловажил колегата пратеник од редовите на СДСМ, Мартин Костовски и му ја повредил честа.
- Оваа власт повеќе не е диктатура, туку комплетно премина во тиранија. Токму за да се оневозможат ваквите притисоци врз опозицијата, Уставот и Законот предвидуваат имунитет на пратениците за ставови искажани од собраниската говорница. Но, одамна Уставот и Законите на оваа држава за власта на ДУИ и СДС се само обична хартија за еднократна употреба, пишува Петрушевски.
Тој додава дека нема да го уплашат и замолчат и дека дополнително е мотивиран.
- Јавно им кажувам, ниту ќе ме уплашат, ниту ќе ме замолчат, ниту ќе ме запрат да им ги кажувам криминалите дирекно в очи. Уште помалку пак ќе ме присилат да им ги гласам уставните измени. Напротив, само уште повеќе ме мотивираат. Нека се подготват наредниот период да преживуваат уште посериозна „душевна болка“, пишува Петрушевски.
Претходно, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на социјалните мрежи напиша дека вчера во Основниот суд-Куманово била донесена пресуда со која се утврдува граѓанска одговорност за навреда и клевета на пратеникот Бране Петрушевски.
-Во неколку наврати ме навредуваше и изнесуваше невистини и клевети за мене, како негов колега и мора да признаам дека ме повреди многу. Политиката не е средство меѓусебно да се повредуваме, туку напротив, за мене политиката е можност да го дадеш најдоброто од себе за државата и народот. Тој не е осуден затоа што е пратеник на опозиција и за да се замолчи, туку затоа што зборува невистини, лаги и навреди. И на крај од секој од нас зависи како ќе се однесуваме на говорница, на емисија, на прес-конференција, да се бориме со идеи не со лаги и навреди, напиша Костовски.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен