Пратеник во британскиот Парлемент на седница гледал порно филмови
Пратеничката во британскиот парламент Ана Соубри на Твитер објави фотографија од парламентарната седница и покренала вистинска лавина на социјалната мрежа.
Имено, во аголот на фотографијата е воочливо како еден од пратениците е загледан во мобилниот на чиј екран се гледа нешто како порнографија.
На твитерџиите веднаш тоа им падна во очи и почнаа масовно да ја споделуваат фотографијата. „Што му е тоа на мобилниот?”, „Гледа ли тој порно филмови?”, „Баш добро прави”, коментираа твитерџиите.
Ана Соубри во меѓувреме ја избриша фотографијата од својот профил, но таа веќе се прошири низ интернетот.
Сепак, се чини дека на Британците тешко може да се поверува дека нивен член на Парламентот гледа порно филмови на работа, па се појавија теории според кои тој гледа во фотографија од 1958 година на која танчерки играат шах.
Ново на Сител
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток