Македонија
12. July 2018 - 17:38

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО, што собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе му ја предложи на Парламентот.

- Би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново. Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина, рече пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена во 1993 година од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.