-->
-->
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа од 46. пленарна седница
-->
По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница што е во тек.Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.
Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници. Со овие измени се предлагаше намалување на акцизата на дизел горивото за три денара по литар од 15,121 денари на 12,121 денари по литар и намалување на акцизата на гасното масло, што се користи како гориво за греење односно црвена нафта за три денари по литар од 6,136, на 3,136 денари по литар. Со измените всушност се бараше враќање на старата цена на дизелот, со што би се излегло во пресрет на граѓаните имајќи предвид, што според нив, зголемувањето на цената на дизелот негативно се одразил врз буџетот на секое семејство.
Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети кој го презентираше Годишниот извештај за неговата работа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
