Пратениците изгласаа потреба за донесување закон со кој ќе се покачат платите во јавниот сектор
Собранието почна седница на која по скратена постапка треба да се донесат измени на Законот за исплатата на платите, што предвидува од септември 2019 година платите да бидат зголемени за 5 проценти за сите вработени во јавниот сектор.
Пратениците изгласаа потреба за донесување на законот по скратена постапка, по предлог на пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири-Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.
Пратеникот Јован Митревски образложи дека покачувањето за 5 отсто на платите во јавниот сектор ќе ги опфати буџетските корисници – јавните установи, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите итн…
-Со оглед на тоа што не станува збор за сложен и обемен закон, предлагаме да биде донесен по скратена постапка, рече Митревски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи претседателите на две собраниски тела – Комисијата за труд и социјална политика, како матична, и Законодавно-правната комисија, да одржат седници за да го разгледаат и да се произнесат за предлогот
Ново на Сител
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам