Пратенички се степаа во Турција, сите звршија во болница

Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата, пишува весникот Hurriyet.
Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот (АКР) во текот на дискусијата за клучниот осмиот член од законот, но нејзините политички опонентки се обидоа да ја ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од парламентарната говорница.
Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќепратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
