Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Пратеничката група на Левица денеска до претседателот на Собранието поднела официјално писмено Барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ - по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.
-Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира на првата наредна собраниска седница. Ова е изрична законска одредба од Уставот на РМ, како и од низа други посебни закони: Законот за Собранието на РМ, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се наведува во соопштението од Левица.
Истовремено, правниот тим на Левица, како што се посочува во соопштението, ќе поднесе и претставка до Антикорупциската комисија со цел изницирање прекршочна постапка и изрекување парична глоба против Џафери.
-Напоменуваме дека доколку собранискиот претседател, Африм Гаши, не го стави како точка на дневен ред на наредната седница, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за „Несовесно работење во службата“, а размислуваме и за можна интерпелација заради свесно неспроведување на императивни законски одредби, велат од Левица.
Ново на Сител
-

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнале двајца вработени во АД „Бутел“ со боксирачи и ножеви
-

Како Пакистан помогна во обезбедувањето прекин на огнот меѓу САД и Иран
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
