Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го злоупотребија правото да постават прашања
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, кој побара седница за поставување пратенички прашања.
- Сугарески на денешната прес-конференција глумеше и се обиде да ја претстави СДСМ како партија која се залага и бара итно одржување седница за поставување пратенички прашања, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека пратениците од СДСМ година и пол, како што истакнуваат, не доаѓаа на работа, земаа плата од граѓаните и пропуштија вкупно 10 седници на кои ќе имаа можност да постават пратенички прашања.
На неколкуте седници за пратенички прашања на кои СДСМ присуствуваше, се наведува, тие го злоупотребија правото да постават прашања кои ги засегаат граѓаните и постојано читаа партиски соопштенија и нарачани прашања од страна на Заев и Шекеринска.
- СДСМ не ни може да ги брани интересите на граѓаните во Собранието бидејќи тие ниту ги знаат проблемите на граѓаните, ниту пак се обидуваат преку средби со нив да ги дознаат. Пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Македонија служи само за да ги одработува наредбите и инструкциите кои доаѓаат од седиштето на партијата и нејзиното раководство, а не да ги застапува интересите на граѓаните кои што гласале за нив на избори, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал