Познатиот актер глумата ја става во мирување, оди во политика

Еден од водечките британски актери Мајкл Шин одлучи да го стави „во мирување“ актерството за сметка на политиката, за да биде дел од борбата против „забрзаниот раст“ на крајната десница.
Шин, кој е познат по своите улоги на Тони Блер во филмот „Кралицата“ и на новинарот Дејвид Фрост во „Никсон и Фрост“, предупредува на засилувањето и на зголемената поддршка за десничарењето во Велика Британија и во другите земји.
- Онака како што нацизмот и нацистите требаше да бидат сопрени, во триесетите години на 20. век, сега мора да се направи се што е потребно за да се блокира подемот на екстремната десница, рекол Шин.
Својата одлука да се префрли во политиката ја објаснува како „природна прогресија“ на актерството и досегашното занимавање со глумата.
Тој годинава учествуваше во еден марш во кој му се одаваше признание на лабуристичкиот министер Енорин Беван, за како што беше речено „историската улога“ за создавање на британското јавно здравство по Втората светска војна.
На говорот што тогаш го има одржано, Шин зборувал за правото на секој поединец да биде дел од општеството во кое единствената вредност нема да бидат само парите и материјалното богатство.
Актерот-политичар изјавил за „Тајмс“ дека оваа негова одлука претставува големо видоизменување на неговиот лик, онаков каков што досега го знаеше британската и посебно театарската јавност.
За весникот изјавил дека одлуката да го остави актерството во мирување ја донел по изгласаниот Брегзит и по победата на Доналд Трамп на изборите во САД.
- Овие два настана ја наметнаа големата итност за потребата од промени, истакна Мајкл Шин.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
