Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство

Излегоа ждребовите за европското јуниорско првенство Италија 2025.
Се знаат противниците на нашите натпреварувачи.
Нашата минатогодишна светска шампионка Марија Димовска се бори дирекно во полуфинале со Турчинката Карадаш Рабија.
Лука Змејковски се бори со грчкиот натпреварувач исто во полуфинале со Еманоуилидс Иоанис.
Андријано Димишковски се бори во осмина финале против Босанецот Глигорич Немања.
Калин Бабовски се бори истотака во осминафинсле против Турчинот Карагац Хусеин.
Андријано и Калин се двајцата иста дисциплина и иста килажа двајцата се одлични борци поради тоа и двајцата настапуваат во иста категорија каде од иста земја е дозволено до двајца пријавени.
Фаворити на ова првенство ни се светската шампионка од лани Марија Димовска која по повреда здобиена лани се опорави и е сега во топ форма и Лука Змејковски ланскиот светски вицешампион.
Останатите двајца наши натпреварувачи Андријано Димишковски и Калин Бабовски се многу надежни млади спортисти кои се со многу борбен дух и двајцата покажуваат голем успех и голема надеж.
Во тек ни е разработувањето на тактиките и начинот на борба со нашите натпреварувачи и проучувањето на противничките натпреваривачи.



Ново на Сител
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
