Loading Video...
Спорт плус
24. May 2019 - 17:04
Познати полуфиналистите на СП во хокеј на мраз
Репрезентациите на Русија, Финска, Канада и Чешка ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Словачка.
Ова е епилогот по комплетирањето на четвртфиналните дуели во кои Чесите место меѓу четирите најдобри обезбедија со убедливата победа над Германија со 5:1.
Далеку по неизвесни беа останатите три средби во кои, Русија со 4:3 ги победи Американците.
По продолженија завршија два меча. Канада со 3:2 беше подобра од Швајцарија откако регуларниот дел заврши нерешено 2:2, со што Канаѓаните ги елиминираа финалистите од минатогодишното првенството.
Настапот во четвртфиналето заврши и за актуелниот светски шампион Шведска која го загуби скандинавското дерби од Финска со 5:4 откако и во овој меч регуларниот дел на мечот заврши без победник 4:4.
Така утре во првото полуфинале кое е закажано во терминот од 15:15 часот ќе играат Русија и Финска, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Канада и Чешка, кои својот меч ќе го започнат во терминот од 19 часот и 15 минути.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->