-->
-->
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-->

Египет го победи Џибути со 3:0 во вчерашниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година, обезбедувајќи го првото место во Групата А. Со ова се потврдени 19 од 48-те екипи што ќе учествуваат на Мундијалот.
На СП 2026 досега пласман изборија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис и Египет.
Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. Четириесет и осум екипи ќе учествуваат на турнирот за прв пат.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
