Македонија
3. April 2017 - 11:33

Позната причината за масовното труење во фабриката во Тетово

Бактеријата Стафилокока е причина за масовното труење на 200-те работници во тетовската фабрика Леар.

Резултатите ќе им бидат доставени на јавното обвинителство во Тетово, што ја води постапката.  Претходно, ноќта во петокот работниците од третата смена јаделе макарони со месо, подготвени во посебен дел од познат ресторан во околината на Тетово. Објектот не бил регистриран, а вработените немале санитарни книшки. Надлежните во петокот земаа мостри од храната и од работните површини со најава дека денеска ќе бидат соопштени резултатите од анализите.

Во меѓувреме ресторанот, како и фабриката Леар се затворени. Сите затруени работници се пуштени на домашно лекување, откако им беше пружена помош во тетовската и во гостиварската болница.