Познат тимот најблиски соработници на Макрон
Познати се имињата на најблиските соработници на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА од Париз.
Алексис Колер, 44 години, ќе биде нов генерален секретар на Елисејската палата. Тој помина од Генералниот директорат на францускиот трезор и ММФ, Агенцијата за државни акционери. Тој беше директор на кабинетот на Пјер Московиси во Берси, а потоа и на Емануел Maкрон.
Патрис Стрзода, на 64 години, стана шеф на кабинетот на претседателот на Републиката. Овој висок француски функцинер има работено во територијалните администрации во многу француски департмани. Префект на регионот Бретања, тој стана началник на кабинетот на Бернар Казнев кога беше министер за внатрешни работи и пота на премирескиот кабинет, пред да биде назначен за префект на регионот Ил де Франс.
Филип Етиен, 61, амбасадор, стана дипломатски советник на претседателот. Во моментов тој е амбасадор во Берлин, овој амбасадор имаше долга кариера во многу земји (Белград, Бон, Москва, Букурешт, ЕУ...) и во министерските кабинети(Босон, Де Шарет, Кушнер).
Исмаел Емелиен, 30 години, ќе стане специјален советник. Дипломирал политички науки, тој беше стратег на кампањата на Емануел Макрон, а претходно беше задолжен за стратегија и комуникација во Берси кога Макрон беше министер.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска