Живот
18. February 2016 - 21:11

Познат музичар со солзи во очите: Болеста на ќерка ми ме промени

 

Познатиот музичар Борис Бизетиќ, заедно со својата ќерка Дорис води битка против нејзината болест која и била дијагностицирана мултипласклероза. 

Цело нивно смеејство минува низ најтешкиот период во животот, но сите се покрај Дорис и ја даваат потребната поддршка за да успее да ја победи болеста. 

- После две години истражување, докторите донесоа дијагноза дека е таа болест. Таа живее со тоа, сите го поминуваме тоа што и Дорис го преживува бидејќи само така сплотени можеме да и помогнеме да ги преброди тешките психички проблеми, раскажува Борис. 

Тој вели дека Дорис ја носел на многу клиники и секогаш бил покрај неа да и даде сила

- Мiнував часови и часови на прегледи. И веројатно и во многу болници се појавував него од вработените кои таму работат за плата. Како човек кој сака сентиментални песни и како голем емотивец се што и се случува на мојата Дорис за мене беше многу стресно. Но имам јас тренинг од рано детство. Тогаш морав се да истрпам. Тој тренинг вроди со плод па некако се носам со тоа, раскажува музичарот. 

Многу родители кога детето ќе им се разболи, често се прашуваат зошто тоа им се случува и мислат дека поубаво тоа да им се случи на нив отколку на ниовното дете. И Борис има такво чуство. 

- Јасно е дека секој родител сака се најдобро за своето дете. Исто така не можеш да свртиш глава кога ќе се случат тие работи и да бидеш некој друг. Мојата жена и јас сме свесни за ситуацијата во која се наоѓа Дорис, затоа сите и помагаме на Дорис за да и дадеме енегија и да и овзможиме да живее долго, додава Борис.