Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница, во атар на Виница.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.
-Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип констатирани во Општата болница Кочани, додаваат од МВР.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.
Ново на Сител
-

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници
-

Од утре до петок врнежи од дожд, а на планините од снег
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
