Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања

Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста.
Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски им се извини на граѓаните што и покрај тоа што беше најавено дека до пред Нова година лекот против згрутчување на крвта „еноксапарин“, еден од двата лека популарно познати како „клексан“, ќе го има во аптеките, тоа нема да се случи. Одложувањето е поради технички причини и затоа во јануари заедно во аптектите ќе бидат достапни и „еноксапарин“ и „надропарин“.
- Да се извинам на граѓаните. Најавивме дека два антикоагуланси дека ќе бидат додадени на листата овој месец, но заради технички проблеми тоа се одложува за јануари 2026 година. Нема да има последици за тие кои ги користат овој месец, ќе бидат рефундирани средствата за овие лекови се додека не бидат ставени на позитивната листа. Потоа планираме таблетарен антикоагулант да внесеме на позитивната листа и овој дел на антикоагуланси да го осовремениме како што доликува на нашата земја. И тоа очекувам да биде во првите четири месеци од 2026 година. Комисијата за позитивната листа работи и веќе има одобрено низа лекови, меѓутоа ние сакаме да ги видиме и финансиските можности и нивното воведување да биде постепено во текот на годината, рече Клековски.
Во врска со проширувањето на листата истакна дека за 15 години имало еден лек додаден на листата, а сега за 15 месеци се додадени 13 лека, а тоа довело до зголемување на буџетот за позитивната листа за пет милиони евра, но тоа не се конечни бројки, бидејќи не е завршена годината.
- Сакаме да обезбедиме да се зголеми контролата на позитивната листа за да имаме право да преговараме за цената за да ги заштитиме осигурениците од доплати и да продолжиме понатаму, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
