Пожарот во реонот на „Чернобил“ создава опасност од ширење на радијација
Пожарот што веќе деветти ден беснее во реонот на хаварисаната нуклеарна централа „Чернобил“ во Украина создава опасност од ширење на радијација на поголеми далечини, изјави Татјана Тимочко, шефица на Сеукраинска еколошка унија, пренесува ТАСС.
- Пожарот во оваа зона е многу опасен, особено при моменталните метеоролошки услови. Високата температура на воздухот поттикнува оган. Се појавуваат нови и нови мали пожари. Опасноста се крие во тоа дека при горење на сува вегетација и на дрвја согорува горниот слој на почвата, каде се наоѓаат скриени со години радионуклиди, истакна Тимочко.
Според неа пепелта што се носи од ветерот создава опасност од ширење на радијација на големи површини.
Се разбира концентрацијата на радијација надвор од епицентарот на пожарот може да биде во дозволените рамки, но во регионите што се блиску до пожарот тоа е сериозна закана бидејќи луѓето може да конзумираат контаминирани хранливи производи, предупредува екологистката.
На 19 јуни во мртвата зона околу „Чернобил“ се запали сува трева и вегетација. Првично пожарот зафати 1.300 декари, а сега горат вкупно 52 декари.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата
-
Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода
-
Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир