Пожарот кај Радовиш се уште активен

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште е активен и се шири и покрај напорите да биде изгаснат во изминатите десет дена.
Според известувањето од Регионалниот кризен штаб во Радовиш продолжуваат оперативните мерки за негово гаснење, но ситуацијата на теренот е многу сложена поради непристапниот терен.
-За денешниот ден ангажирани се 75 лица, од кои 45 од ЈП „Национални шуми“-подружница „Плачковица“-Радовиш, по пет лица од подружниците од Струмица, Штип и Кочани, и 15 пожарникари од ТППЕ Радовиш, Берово и Струмица. Од материјалните средства ангажирани се еден трактор од ЈП „Национални шуми“-подружница „Плачковица“- Радовиш и еден од ЈП „Плаваја“ за дотур на вода, информираа од Регионалниот кризен штаб.
Претпладнето во гаснењето на пожарот се вклучија и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, а се очекува тие да продолжат со гаснење и до крајот на денот.
Досега во пожарот изгореа стотина хектари нискостеблеста шума, а постои опасност да се прошири и во високостеблестата шума на планината Готен.
Ново на Сител
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
