Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер
Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.
Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.
На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.
Ново на Сител
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“