Пожари беснеат во Калифорнија, поплави во Северна Каролина, источниот брег се подготвува за ураган
Американската сојузна држава Калифорнија веќе го надмина количеството на изгорено земјиште во споредба со минатата година – досега изгореа повеќе од 400.000 хектари, што постави негативен рекорд, а сега американскиот запад влегува во период кога силните ветрови предизвикуваат смртоносни пожари.
Повеќе од десетина големи пожари горат во калифорниската трева, грмушки и шуми, кои се екстремно суви поради двегодишната суша, за што веројатно придонесоа климатските промени. Пожарите, кои се случија главно во северниот дел на таа американска држава, изгореа 400.000 хектари земја или 5.180 квадратни километри.
Пожарот Дикси, најсилниот од сите што моментално гори и вториот најсилен во историјата на Калифорнија, го уништи историскиот град Гринвил и продолжува да им се заканува на илјадници домови на околу 280 километри североисточно од Сан Франциско.
Пожарникарите потврдија дека во средата десетици мобилни домови во округот Лејк изгореле во пожар предизвикан од ветрови со брзина до 48 километри на час, а најмалку еден жител е повреден пред да се стави под контрола пожарот.
Околу 1.600 луѓе добија наредба за евакуација, а шерифот на округот Лејк, Брајан Мартин предупреди на „непосредна закана за животот и имотот“. Најмалку 16.000 други домови се уште се загрозени од пожарите во Калифорнија, кои се меѓу стотиците што горат во десетина западни американски држави, а десетици илјади луѓе во моментов се под предупредување за евакуација, соопштија пожарникарите.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во округот Ел Дорадо поради пожарот, кој речиси се зголеми трипати, а на север, пожарот Дикси напредува кон Сузанвил, место со околу 18.000 жители, кои беа предупредени да бидат подготвени за евакуација.
Пожарот Дикси, именуван по патот каде што најверојатно започна, е најголемиот од десетиците големи пожари што гореа низ државата оваа недела, и втор по големина во историјата на Калифорнија, пренесува Б92. Досега има уништено повеќе од 600.000 хектари и 1.200 домови, а евакуирани се меѓу 12.000 и 28.000 луѓе, според калифорниското Министерство за шумарство и противпожарна заштита.
Во меѓувреме, Северна Каролина е погодена од поплави настанати по тропска бура. Во западна Северна Каролина, службите за итни случаи во округот Хејвуд соопштија дека две лица се пронајдени мртви по поплавата во која десетици луѓе беа спасени од водата, а околу 20 од нив се уште се водат како исчезнати.
Во меѓувреме, Фред, сега како пост-тропски циклон, минува низ Њујорк и Нова Англија, а во исто време, тропската бура Хенри создава опасни бранови на плажите на источниот брег.
Синоптичарите очекуваат дека Хенри најверојатно ќе се претвори во ураган додека се приближува кон североисточниот дел на СAД на почетокот на следната недела.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје