Пожар во стан во центарот на Штип, сопственикот со тешки изгореници
Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на Штип.
Пред половина час возило нa Итната медицинска помош го транспортирала во болницата.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.
Штипјанецот, кој не се знае на која возраст е, настрада во пожар во неговиот стан, кој се случил доцна синоќа.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда. Причините за пожарот се уште не се знаат, но се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април