Македонија
11. January 2024 - 8:07

Пожар во скопската населба Аеродром, повредено едно лице

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул.

„Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице. Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.