Пожар во складиште за батерии во Калифорнија, илјадници евакуирани
Илјадници луѓе се евакуирани, а дел од автопатот во Северна Калифорнија е затворен откако избувна голем пожар во една од најголемите капацитети за складирање батерии во светот, електраната Мос Лендинг.
Пожарот кој избувна вчера попладне предизвика голем облак црн чад, а немаше знаци дека ќе стивне до вечерта, објавија американските медиуми.
На околу 1,500 луѓе им беше наредено да ја напуштат областа Мос Лендинг и Елхорн Слу.
Објектот, кој се наоѓа на околу 124 километри јужно од Сан Франциско, е во сопственост на компанијата Vistra Energy со седиште во Тексас и содржи десетици илјади литиумски батерии.
Овие батерии се клучни за складирање на енергија од обновливи извори како соларни панели, но може да биде исклучително тешко да се изгаснат пожарите што се појавуваат кога ќе се запалат.
Градските власти не очекуваат пожарот да се прошири надвор од бетонската зграда во која избувна. Се уште не е позната причината за последниот пожар.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи