-->
-->
Пожар во новиот мол во Битола
-->
Голем пожар го зафати нови Мол во Битола, „Блис“. На социјалните мрежи се појавија видеа од пожарот, а се гледа и дека припадниците на противпожарната служба се обидуваат да го стават под контрола.
Трговскиот центар се уште не е официјално отворен, иако тоа требаше да се случи некаде кон крајот на минатиот месец.
Засега нема информации за евентуални повредени, а не се знае ниту причината за пожарот.
-->
-->
-->