Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот го изгаснал неговиот татко, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, се појаснува во соопштението.
Во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.У., на возраст од 47 години од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
-Предметот бил одземен, С.У. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.
Додека пак вчера, во 13:52 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект – колиба на кавадаречко место викано „Глувчовец“, сопственост на 66-годишната Т.Н. од овој град.
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“