Пожар во гаража во Куманово, повредени две лица
Двајца кумановци синоќа се здобиле со изгореници од втор степен во пожар во гаража кој избувнал од експлозија на инсталација за плин на возило.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа, во 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј.. Поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т. М. (54) од Куманово, додека Т. М и А. Ц. (34) од Куманово биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, при што внатрешноста на истото целосно изгорела, а Т. М. и А.Ц се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а воедно опожарена е и гаражата.
Со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар - Куманово за укажување на лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција