Пожар синоќа во Кавадарци, изгорел хектар борова шума

Пожарникарите од Кавадарци синоќа гаснеле пожар при силни грмотевици, во кој изгорел еден хектар борова шума. Како што информираа денеска за МИА од Територијалната противпожарна единица, на терен биле од околу 19 часот до еден час по полноќ.
-Пријавата за пожар во подножјето на ридот „Љубаш 2“ ја добивме додека во градот врнеше дожд, па мислевме дека дождовните капки ќе ни помогнат во совладувањето на пламените јазици. Но, на ридот што според кавадарчани, ги претставува белите дробови на градот, имаше само малку роса, па моравме да вложиме повеќе напори за да го совладаме огнот. Ни кажаа дека најверојатно во близина удрил гром, па се претпоставуваше дека тоа е причината за пожарот, рекоа од Противпожарната служба.
Оттаму појаснија дека огнот го гаснеле седум пожарникари со две противпожарни возила. На помош им дошле луѓе и возило од Дирекцијата за заштита и спасување, како и работници со две возила од подружницата на „Македонски шуми” од Кавадарци.
Ново на Сител
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп
-

Лавров: НАТО во Арктикот е директна закана за Русија
