Македонија
10. January 2019 - 19:18

Пожар остави на улица 4-члено семејство со две малолетни деца од Драчево на улица

Облеката која ја носеле на себе е се што им остана после пожарот кој утрово го пеплоса нивниот скромен дом од скопско Драчево. Четиричленото семејство со две малолетни деца изгубија се што макотрпно стекнувале со години.

-Преплашени се децата, малечки се на 8 и 3 години. Жената е во шок, ја носев два пати во амбуланта. Сите сме во траума, едвај собравме сила да ѕирнеме во нашиот скромен дом. До пред 12 часа тука живеевме, се радувавме со децата, сега незнам каде што, не ни остана ништо. Само ведро небо и студ, изјави Душан Глигороски.

Семејството, кое живеело под кирија, студената ноќ ќе ја поминат кај роднини, за да не премрзнат децата, но Душан вели дека тоа е привремено решение за ден – два. Апелира до сите хумани граѓани за помош.

-Апелирам до сите граѓани да помогнат на било каков начин. Од стари тенџериња, лажици, облека за децата, ништо немаме, додаде Глигороски.

Огнот го изгаснале екипи на противпожарната бригада, а семејството се сомнева дека дотраената инсталација во бараката стара шеесетина години најверојатно е принината за пожарот.

Сите хумани граѓани може да донираат за смејството од Драчево кое за миг го изгуби својот дом. 

Трансакциска сметка на Стопанска банка : 200002694256084 Александра Глугуроска   ID 1120142