Пожар му се заканува на Лос Анџелес: Властите се сомневаат дека е подметнат, евакуирани 20.000 лица | Сител Телевизија
Свет
10. August 2018 - 9:41

Пожар му се заканува на Лос Анџелес: Властите се сомневаат дека е подметнат, евакуирани 20.000 лица

Пожарникарите се борат со пожарот кој загрозува илјадници куќи во подножјето јужно од Лос Анџелес, за кој властите соопштија дека е подметнат.

Ниту една куќа не изгоре, но огнот и натаму гори, а пожарникарите стравуваат дека силниот ветар ќе им ја отежне работата.

Властите наредија евакуација на околу 20.000 луѓе, а во орузите Оринџ и Риверсајд е прогласена вонредна состојба.

Американските власти покренаа обвинение против едно лице поради подметнување на пожар.