Македонија
2. April 2017 - 13:10

Пожар беснее во Пехчево - Сите на нозе

 
Во 16  часот вчера во селото Црник-пехчевско на местото „Блатец“ настанал шумски пожар, при што била зафатена борова шума, нискостеблести растенија и сува трева.
 
Полицијата денеска информира дека на местото веднаш излегле лица од Јавното претпријатие „Равна река“ од Пехчево кои го гаснеле пожарот, но поради непристапен терен не можеле целосно да интервенираат.
 
Со гасењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.