Повторно протести во Хонгконг, поддршка и од наставниците
Во Хонг Конг продолжуваат протестите против властите, блиски до официјален Пекинг, на кои во знак на поддршка кон демонстрантите им се приклучија и наставниците.
Тие од Владата бараат да одговори на барањата од демонстрантите и да престане да се служи, како што тврдат, со полициско насилство за растерување на учесниците во протестот.
Демонстрантите кои го преполнија главниот плоштад во финансискиот округ, носеле транспаренти на кои пишува „Заштитете ја следната генерација“.
Ова е десетта седмица како што се одржуваат протести во Хонг Конг, кои не покажуваат знаци на намалување на масовноста. Овој викенд е планирано да се одржат неколку собири и барем еден марш.
Демонстрантите бараат оставка на градскиот лидер, демократски избори и независна истрага поради употребата на полициска сила.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата