Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.
Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.
Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.
И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.
Ново на Сител
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина