-->
-->
Повторно функционира мерната станица за квалитет на воздухот во Куманово
-->

Мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово по пауза од неколку години повторно функционира и граѓаните можат да се информираат за аерозагадувањето на Националниот портал за квалитет на воздух.
Информацијата дека мерната станица повторно е ставена во функција, ја потврдија денеска и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според податоците објавени на порталот, загадувањето во Куманово е многу ниско. Кумановци на Националниот портал можат да добијат детални информации за мoменталната состојба на амбиенталниот воздух кои се класифицирани и подетално претставени како временски серии на податоци од извршените мерења.
Во неколку наврати граѓаните на Куманово бараа од надлежните институции станицата да биде ставена во функција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
