Македонија
19. February 2016 - 14:44

Повторно функционира мерната станица за квалитет на воздухот во Куманово

Мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово по пауза од  неколку години повторно функционира и граѓаните можат да се информираат за аерозагадувањето на Националниот портал за квалитет на воздух.

Информацијата дека мерната станица повторно е ставена во функција, ја потврдија денеска и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според податоците објавени на порталот, загадувањето во Куманово е многу ниско. Кумановци на Националниот портал можат да добијат детални информации за мoменталната состојба на амбиенталниот воздух кои се класифицирани и подетално претставени како временски серии на податоци од извршените мерења.

Во неколку наврати граѓаните на Куманово бараа  од надлежните институции станицата да биде ставена во функција.