Повторно фрлен солзавец во косовскиот Парламент
Седницата на косовскиот Парламент е прекината денеска набрзо откако почна, бидејќи опозицијата фрли солзавец, јави Танјуг.
На седницата се обратил претседателот на „Самоопределување“ Висар Имери, по што опозицијата активирала солзавец.
На дневниот ред на седницата главно се точки кои се однесуваат на процесот на визна либерализација на Косово со ЕУ, а опозицијата претходно најавуваше блокада на работата на Парламентот.
Пред почетокот на седницата околу зградата на Собранието на Косово се распоредени сили на специјалната косовска полицијата.
Пред собранието околу 10 часот се собраа приврзаници на опозицијата, кои се противат на одржувањето на седницата и кои веќе шест месеци ја оневозможуваат работата на Парламентот барајќи распишување вонредни избори и поништување на договорот за ЗСО и демаркација на граничната линија со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски
-
Таравари очекува мерки и за лекарите во клиниката Козле
-
Здравствените работници се вакцинираат против сезонски грип
-
Информатичките науки столб за секој бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов