Повторно ден полн сообраќајки: Четири лица повредени во Скопје
Пет сообраќајки се регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, во кои со тешки телесни повреди се здобил патник во автобус, а три лица се полесно повредени. Три од сообраќајките се со материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала седум возачи под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај, тројца поминале на црвено светло на семафор, а седум користеле мобилниот телефон и не го користеле сигурносниот појас.
Санкционирани се и 36 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 62 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Петар Пан“ во општина Чаир.
Утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во рамки на Лигата на шампиони, ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК „Металург“ и РК „Елверум“, Норвешка. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичка регулација на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг