-->
-->
Повредени две малолетни лица во сообраќајка на регионалниот пат Велес - с.Извор
-->
На 15.05.2021 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од с.Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од с.Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
