Повредени девет лица во Скопје
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно седум сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет биле полесно повредени осум лица, а во една сообраќајка била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Единаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени 13 возачи пред да се стекнат со право на управување и тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстрането биле 71 возило.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
