Македонија
15. April 2019 - 12:15

Повреден вработен во НЛБ Тутунска банка - детали за грабежот во Чаир

 
 
 
26-годишниот  Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата на НЛБ Тутунска банка е повреден при вооружениот грабеж кој утрово се случил во Чаир. 
 
Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Фери Барјам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата.
 
Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.
 
Сторителите успеале да одземат пари од банката.