-->
-->
Повреден велосипедист во Тетово
-->

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера во Тетово, 69-годишниот велосипедист Б.А. е тешко повреден и се наоѓа во неконтактибилна состојба во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Несреќата, како што додаде, се случила вчера околу 16 часот на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово кога Б.А. возејќи велосипед бил удрен од патничко возило „Ауди А6“ со тетовски регистерски таблици управувано од Н.Х.(30) од Милетино.
- Повредениот велосипедист со возило бил пренесен во тетовската Клиничка болница и во неконтактибилна состојба задржан е за натамошна опсервација и лекарски третман. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата и другите поединости, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
