Повреден пешак во центарот на Штип
Во Штип денеска повреден е 42-годишен пешак, кој ја преминувал улицата на мостотот кај „Стопанска банка“. Во него удрил џип марка „сузуки“, управуван од 60-годишен возач.
Пешакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде му се констатирани телесни повреди.
– Несреќата се случила утринава во 9:30 часот, изјави портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Анализите на СВР Штип покажуваат дека ова е четврта несреќа годинава во централното градско подрачје, во која е повреден пешак.
Панајтова информира дека во текот на вчерашниот ден од страна на СВР Штип е спроведена и контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници при што од контролирани 86 автобуси и други возила, 54 се упатени на технички преглед, едно е исклучено од сообраќај, а санкционирани се и други 15 возила за останати прекршоци.
Ново на Сител
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
-
Ристески: Со есенската кошница ги стабилизиравме и намаливме цените
-
Србин усмрти пешак на магистралата Куманово-Крива Паланка
-
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-
Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож
-
18 годишник силувал 20 годишна девојка во Кисела Вода
-
Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија
-
Најмалку 20 убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа